М-НАВ станала семејна фирма, треба да се испита начинот на вработување, вели Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Македонска навигација станала како семејна фирма, во која до трето колено има вработени.

-За М-НАВ треба посериозно да се позанимаваат, не само Владата, туку и Еуроконтрол, нивното финансирање е од таму. Треба да се интервенира. Таа е станата како семејна фирма, ако погледнете ќе видите дека до трето колено има вработени. Тие станале како семејство во кое што имаат конфликти кои обично се случуваат по дома.
„Таа фирма е станата како семејна фирма бидејќи кога ќе погледнете таму се вработувани до трето колено. Кога ќе видите, на претседателот на синдикатот татко му работел таму, тој таму работи, брат му работи таму. На крај тие станале како семејство во кое имаат конфликти кои обично се случуваат по дома“,изјави Ковачевски велејќи дека во М-НАВ има премногу случајности кои имплицираат дека можеби и не се случајни.
Додаде дека работата на синдикатите при М-НАВ треба да биде предмет на вонреден инспекциски надзор од страна на Трудовиот инспекторат. Прашан дали со тоа се врши притисок врз синдикатите, Ковачевски одговори дека не се работи за никаков притисок туку за законски пропишана можност за надзор на работата на синдикатите.
Во врска со вчерашната владина седница на која првично се предложи еден, а по неколку часа друг кандидат за извршен директор во М-НАВ, откако се утврди дека првопредложениот не ги исполнува условите за оваа функција, Ковачевски вели дека нема ништо спорно во тоа.
„Имаше повеќе кандидати кои беа предложени и разгледувани од страна на Владата при што беа консултирани од Статутот на М-НАВ и врз основа на тоа беа издвоени двајца кандидати. Но затоа што се случиле промени на Статутот пред извесно време, пред четири години точно во делот на М-НАВ коишто велат дека генералниот директор мора да биде контролор и затоа имаше и други кандидати коишто беа разгледувани при што се извршија и консултации со стручната фела, зашто, претпоставувате дека во Владата нема ниеден контролор на летање од 21 министер и врз основа на консултација со стручната фела беше донесена одлука да се препорача овој кандидат за извршен директор“,додава премиерот.
Во врска со изборот на нови директори во М-НАВ, Ковачевски рече дека било сосема професионално и исправно.
„Имаше повеќе кандидати кои беа разгледувани“, рече тој и дополни дека за двајцата предложени директори, била донесена добра одлука и дека имаат долгодишно искуство.
За претходниот предлог Илир Мехмеди, премиерот рече дека ако се погледне неговото CV, ќе се види дека станува збор за искусен човек кој управувал со такви институции.
-Бидејќи се случиле промени на Статутот пред четири години, во делот на М-НАВ и велат дека генерален директор мора да биде контролор, затоа се разгледуваа и други кандидати. По консултации со стручната фела, беше предложен нов кандидат со 25-годишно искуство, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање






