Мајката низ солзи обвинува: Лекари од психијатриска установа и го врзувале синот со аутизам

На социјалните мрежи се споделува потресно сведоштво на мајка, која ги обвини лекарите од болницата “Демир Хисар”дека нејзниото дете со аутизам го малтретирале и врзувале.

– После месец дена, мојот син денес го зедовме од психијатриска болница, така ни кажаа викендов. Јас не можам да верувам каде живееме, зарем нашето дете е ѕвер? Да, агресивен стана овие две години и затоа побаравме здравствена помош, но во 21 век да го врзувате … ? Дали така се заколнавте кога полагавте дека ќе бидете хумани? Ова дете е 17 годишно … Душата ме боли, се прашувам дали ние како родители погрешивме што побаравме помош?! Зошто нема соодветна институција за нашите деца? Вака не се смирува дете, ова е насилство! Барам одговорност за овие рани од што бил врзуван!, пишува шокираната мајка.

Мајката Салка Абдуловска за „Слободен печат“ нејзиниот син бил 5 недели бил Демир Хисар, на опсервација, за да се адаптира на терапијата.

На социјалните мрежи се шири фотографија од врзано момче но мајката тврди дека таа фотографија не е од нејзиниот син.

Повеќе

Back to top button
Close