МААЕ повикува гранатирањето на Запорожје веднаш да запре

 

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) потврди дека „силни експлозии синоќа и денеска ја потресоа областа на нуклеарната централа Запорожје”.

– Експертите на МААЕ во Запорожје известуваат за десетина и повеќе експлозии од очигледно гранатирање и оштетени се некои згради, системи и опрема на локацијата, но ниту една досега не е критична за нуклеарната безбедност и сигурност, соопшти МААЕ.

Директорот на МААЕ Рафаел Гроси повика гранатирањето веднаш да престане.

– Кој и да стои зад ова, мора веднаш да престане. Како што реков многу пати досега, си играте со оган!, нагласи Гроси.

Тој го повтори својот апел до двете страни во конфликтот да се договорат и што е можно поскоро да создадат зона за нуклеарна безбедност и сигурност околу Запорожје. Во последните месеци тој се вклучи во интензивни консултации со Украина и Русија за формирање на таква зона, но засега нема договор.

– Не се откажувам додека оваа зона не стане реалност. Како што покажува тековното очигледно гранатирање, тоа е потребно повеќе од кога било, рече Гроси.

Back to top button
Close