Македонците во Бугарија со реакција до Радев: Софија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест и никој не е казнет

Здруженијата на Македонците во Бугарија ги осудуваат последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев насочени кон Македонија. Во нивната реакција стои дека „цинизам е претседател на држава каде редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да изговара такви зборови“.

Македонските здруженија тврдат дека Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и дека имаше напади врз македонски собири и врз македонски клубови.

Разликата е што за тоа во Бугарија апсолутно никој не е суден, ниту осуден, ниту казнет. Никој не е дури ниту вербално укорен, во медиумите или од политичари. Не го слушнавме Радев да го осуди нападот врз македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, на пример, а ниту било кој бугарски политичар. Македонските политичари ги осудија нападите во Македонија и судот постапи по случаите. Тоа за Бугарија е несонив стандард.

Може ли Радев да посочи еден бугарски државјанин со македонски идентитет кој држи позиција во администрацијата сега или да држел таква во Бугарија во последните 60 години? Не може. Таков нема и не може да има.

Ние лесно се сеќаваме на луѓе со бугарска самосвест кој држеле исклучително високи позиции во Македонија – Димитар Димитров, Младен Србиновски, Ѓорѓи Трендафилов и други, посочуваат здруженијата на Македонците преку објава на социјалните мрежи.

Оттаму велат дека Радев цитира 150.000 од Македонија кои добиле бугарско државјанство на основа на бугарско потекло

Back to top button
Close