“Изгледа си ја има мувата на капата па паничеше“се брани напаѓачот на Кацарска ,македонец на работа во Шведска
Тој, како што пренесуваат, бил приведен откако и кажал на Кацарска „Ќе одговарате“, а тврди дека ниту викал, ниту имал намера да ја допре претседателката на Уставниот суд.
Посочува дека сѐ се случувало во трговскиот центар „Рамстор“, каде случајно влегол откако бил на самитот „Македонија 2025“.
Тој е дециден дека немал намера за физичка пресметка.
„Ниту сум викал, ниту сум имал намера некого да допрам.. дури мојата пријателка не ме слушнала што сум кажал, а беше по блиску до мене отколку Кацарска. Госпоѓата изгледа си ја има `мувата на капата` па паничеше без потреба“ додава тој.
Рекол дека не е насилник.
„Во полициската станица бев задржан неколку часа, а еден од инспекторите помеѓу другото ме праша дали знам дека таа е трет човек во државата ,на што му одговорив дека секој треба да одговара пред законот подеднакво и никој не смее да злоупотребува државна позиција, напротив, одговорноста на државните функционери треба да биде поголема бидејќи се платени од граѓаните и треба да работат во интересот на Македонските граѓани. После некое време бев пуштен со напомена дека ќе бидам кривично гонет според член 144 став 4“ посочил тој