Македонец осомничен дека крадел од џамии во Србија – полицијата го уапси

Во заедничка акција на полицијата од Нови Пазар и Бујановац, уапсен е 66-годишниот М.З., државјанин на Северна Македонија, кој се сомничи дека во период од три дена извршил кражби во четири верски објекти на територијата на Србија.

Според информациите, кражбите биле извршени во периодот од 29 април до 1 мај, а мета биле џамии во Нови Пазар, Тутин и Сјеница. Осомничениот, според истрагата, ги кршел касите во верските објекти и ги одземал парите што се наоѓале во нив.

При полицискиот преглед кај него биле пронајдени нож и електрошокер, поради што против него е поднесена и соодветна прекршочна пријава.

На М.З. му е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен на сослушување во Основното јавно обвинителство во Нови Пазар, каде ќе продолжи постапката за расчистување на случајот.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close