Македонски државјанин притворен во Софија.Шверцувал 15 Авганистанци

Македонски државјанин минатата недела бил приведен во Софија под сомнение за шверцување мигранти, а на барање на окружното обвинителство, одреден му е притвор од страна на судот, јавуваат бугарските медиуми.

Македонскиот државјанин бил приведен и изведен пред суд во Софија, каде му одреден притвор од 72 часа

Според информациите станува збор за македонски државјанин со иницијали Б.Д., кој како што соопштиле од окружното обвинителство на 25 ноември околу 7.45 часот на булевар во Софија, со цел за себе да прибави противправна имотна корист незаконски им помогнал на 15 државјани на Авганистан да престојуваат и да транзитираат низ Бугарија, превезувајќи ги со својот автомобил, марка „фолксваген“.

Против осомничениот македонски државјанин е отворена предистражна постапка за сторено кривично дело и одреден му е притвор од 72 часа.

Окружниот суд во Софија ги прифатил аргументите на дежурниот обвинител дека обвинетиот може да побегне и донел одлука на Б.Д. да му се изрече мерка притвор.

Мерката притвор, како што пишуваат бугарските медиуми, може да биде обжалена пред Градскиот суд во Софија.

Back to top button
Close