Македонскиот државјанин ранет во престрелка во Врачар е на хируршки третман
Македонскиот државјанин Д.Л. (21) кој синоќа беше ранет во улична престрелка во Белград е во Ургентниот центар на хируршки третман, информираат српските медиуми кои претпоставуваат дека македонскиот државјанин бил случајно ранет.

Полицијата на Србија три часа по пукањето во Врачар го уапсиле осомничениот Н.Ѓ. (20), пренесува Блиц.






