Македонските кадети поразени од Бугарија на Балканското одбојкарско првенство

Македонската машка кадетска одбојкарска репрезентација не успеа да се пласира во полуфиналето на Балканското првенство во Нови Сад, откако вечерва во решавачкиот натпревар загуби од фаворитот Бугарија со максимални 3:0 во сетови (25:11, 25:19, 25:14).

Избраниците на селекторот Ванче Санев го освоија третото место во групата Б и утре за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Босна и Херцеговина во првиот дуел од разигрувањето за пласман од 5. до 7. место на Балканијада во Нови Сад.

Во случај на победа, Македонија в сабота ќе игра против Романија за петтото место, а со евентуален пораз ќе заврши последно пласирана.

Back to top button
Close