Македонските кошаркарки со победа го почнаа ЕП Б-дивизија У-20


Македонската репрезентација ја совлада селекцијата на Косово со 83:69 вчеравечер на отворањето на Европскиот шампионат Б-дивизија за шампионатот во Скопје за кошаркарки до 20 години.

Најефикасна во македонскиот тим беше Матеа Николиќ со 26 поени и девет скокови. Двоцифрен број поени постигнаа уште и: Секуловска – 19, Селцова – 17 и Тасевска – 14 поени.

Денес на вториот ден од шампионатот во нашиот главен град, македонската репрезентација е слободна.

Следнито дуел „црвено-жолтите“ ќе го имаат утре (11 јули) против Хрватска, исто така од 18:45 часот, во СРЦ „Кале“.

Back to top button
Close