Макрон: Ако сакаме одржлив мир, Украинците мора да го изберат моментот кога ќе преговараат

epa10342538 French President Emmanuel Macron speaks at a press conference with US President Joe Biden (not pictured) in the East Room of the White House in Washington, DC, USA 01 December 2022. Macron’ visit marks the first official state visit of the Biden administration. EPA-EFE/CHRIS KLEPONIS / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со американскиот претседател Џо Бајден изјави дека западните сојузници не треба да ги принудуваат Украинците на компромис со Русија кој за нив би бил неприфатлив.

– Никогаш нема да ги охрабриме Украинците да направат компромис што нема да биде прифатлив за нив, одговори Макрон на прашањето за потенцијалниот крај на војната.

– Тие се толку храбри и ги бранат своите животи, својата нација и нашите принципи… Ако сакаме одржлив мир, мораме да ги почитуваме Украинците да одлучат за моментот и условите во кои ќе преговараат за нивната територија и нивната иднина, рече тој.

Францускиот претседател додаде дека сојузниците ја зголемиле економската, воената и хуманитарната помош за Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

– Дополнително, поддршката на САД – и финансиска и во снабдувањето со воено оружје за Украина – е важна не само за нападнатата земја, туку и за пошироката Европа. За стабилноста на нашиот свет денес – затоа што ако чувствуваме дека можеме да ја напуштиме земјата и да се откажеме од целосно почитување на овие принципи, тоа значи дека нема можна стабилност на овој свет, рече Макрон.

Back to top button
Close