Макрон: Германија и САД се главни противници на членството на Украина во НАТО

Германија и САД се главните противници на членството на Украина во НАТО, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред самитот на 75-годишнината на Алијансата во Вашингтон, јави агенцијата ДПА.

Во пресрет на самитот на Алијансата во Вашингтон, тој забележал „силното противење“ на САД и Германија на можната покана до Украина за приклучување кон блокот.

„На крајот, одлуката да се покани Украина за влез во НАТО ќе ја донесат сојузниците“, рече тој.

Францускиот претседател потсети и на нервозата на Киев затоа што немаше таква покана на претходниот самит на НАТО во Вилнус.

„Украинците беа доста нервозни кога сфатија дека вратата е отворена, но не до толку. И мислам дека сценариото за самитот во Вашингтон е исто“, додаде Макрон, а со тоа индиректно ги урна украинските надежи за прием.

Back to top button
Close