Макрон во историска посета на САД: Вселената е ново место на конфликт!

Францускиот претседател Емануел Макрон е во историска посета на САД, која започна со посета на седиштето на НАСА во Вашингтон заедно со американската потпретседателка Камала Харис.

 

Макрон и Харис разговараа за партнерството меѓу САД и Франција во вселената, кое трае повеќе од шест децении, изјави претставник на Белата куќа.

-Ова ќе биде можност да се разгледа постоечката соработка во областа на вселенската наука, истражувањето на вселената и употребата на податоците собрани од вселената за борба против климатските промени – рече тој.

Пред состанокот, Макрон рече дека САД и Франција направиле „многу заедно во последните децении“ и дека имале „многу проекти“.

-Вселената е новото место на конфликт. И во тој простор, исто така, имаме луди играчи. Имаме и непријателски држави. И имаме нови хибридни напади – рече тој.

Од своја страна, американската потпретседателка Камала Харис истакна дека „Франција е витален сојузник за САД“ и додаде дека има „толку многу потенцијал“ во однос на работата што двете држави можат да ја направат.

 

Back to top button
Close