Макрон за пензиската реформа: Не беше забавно, но мораше да се направи

-Не можам да бидам реизбран. Не гледам на рејтингот, го правам она што и треба на земјата. Тоа не беше забавно за мене, но мораше да се направи – рече претседателот.

Контроверзната пензиска реформа беше протуркана низ парламентот од владата на Макрон без формално гласање. Владата тогаш едвај преживеа две гласања за недоверба со тесно мнозинство, а во многу француски градови се уште траат насилните протести.

-Мислам дека е штета што не успеавме да ги убедиме сите. Не сум среќен поради тоа, но не се каам – рече Макрон

Back to top button
Close