Малолетник од Скопје признал дека испратил мејл за лажни бомби и доби кривична пријава
Малолетник од Скопје признал дека упатил закани за поставени бомби во четири средни скопкси училишта на 4 ноември, соопшти полицијата, која против него поднела кривична пријава за сторено кривично дело „тероризам“ предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.
Пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училишта на територијата на град Скопје, во периодот од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.
Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, испратил порака со заканувачка содржина.
Од страна МВР-ОСОСК-СБПТНЕР Единица за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле пораката, при што н
Со цел обезбедување докази, Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка презелее мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч.(43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице.
Врз основа на издадени наредба од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на домот и во други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот, а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користел пријавениот. При тоа е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување пакет од провајдерот за користење безбедна електронска пошта.
На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го признал и го појаснил начинот на извршување на кривичното дело.
Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам“ предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот закони