Манчестер подготвен да му плати на Њукасл 90 милиони евра за Тонали

Манчестер јунајтед е подготвен да плати 80-90 милиони евра за играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, објави „Caught Offside“.
Од друга страна Њукасл бара најмалку 110 милиони евра за 26-годишниот Италијанец и не се брза да го продаде.
Арсенал и Манчестер сити, исто така, се сериозно заинтересирани за фудбалерот за врска.
Тонали има одиграно 53 натпревари во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигнувајќи три гола и седум асистенции. Неговиот договор со клубот важи до крајот на јуни 2028 година.
„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 80 милиони евра.






