Манев: Палчо запали цигара по убиството на Вања, и со средство кое чисти днк траги, го исчисти алатот со кој ја закопавме
Љупчо Палевски, првообвинетиот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, денеска во судница му поставуваше прашања на сообвинетиот Велибор Манев.
Тој го соочуваше Манев со неговите разлики во трите сведочења, две дадени за време на истрагата и едно на судење.
Тој кажал три верзии, за тоа каде бил точно кога Палевски ја убил Вања, па го праша која е вистината и дали телото на девојчето било поместено.
-Кога ја уби Вања не бев на 100 метри одалеченост, бев на 10-15 метри и видов како го носи перничето и ја уби. Потоа изведи нови купени алати и не натера да копаме дупка на одалеченост од 10 метри од местото каде ја уби и да ја закопаме. Единствено преместување на телото е по убиството е кога ја однесовме во дупката, рече Манев .
…