Маричиќ: Со новото дело „демнење“ и до три години затвор за вознемирување преку интернет

Според Маричиќ, адресирани се повеќе законски измени за да се направи квалитетно поместување во однос на испорачување на правдата за теми за кои со децении претходно не се преземаше ништо.

Се осврна на изминатиот период, кога јавноста беше вознемирена од Телеграф групата „Јавна Соба“, каде меѓу другото се споделуваа и лични податоци на девојки, кои потоа беа на различни начини вознемирувани. Со овие измени на КЗ, најави Маричиќ, се воведуваат неколку нови кривични дела со кои ќе се обезбеди заштита на жените од сексуално и друг вид вознемирување.

–  Со новото дело „Демнење“, за кое говореше и премиерот, предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што за жал, кај нас и во светот се случува се почесто. Да бидам попрецизен, откако измените ќе стапат на сила, тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин ќе се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави  несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни парично, а може да добие и затворска казна до три години. Со ваквото дело се утврдува како се постапува кога некој и преку интернет заплашува или настојува од оствари несакан контакт со друго лице, појасни министерот Маричиќ.

Измените предвидуваат и дополнителна заштита на жените, кои произлегуваат од Истанбулската конвенција, која Северна Македонија ја потпиша уште во 2011 година, а ја ратификуваше седум години подоцна. Со измените кои произлегуваат од оваа конвенција, истакна Маричиќ, правно се заштитува жената од секаков вид на насилство.

– Морам да признаам дека лично сум горд што за време на мојот мандат се прават овие измени, рече тој.

Back to top button
Close