Масакр во Цетиње: Најмалку седуммина убиени, меѓу нив и дете (ВИДЕО)

Во напад во Цетиње, Црна Гора денеска загинаа најмалку седум лица, јавија локалните медиуми, додавајќи дека станува збор за семеен конфликт.

Напаѓачот е убиен, а меѓу ранетите има и деца и полицајци, пишуваат црногорските медиуми. Засега не е познато колку точно загинати или ранети има во нападот.

Како што пишува црногорски Дан, не станува збор за конфликт меѓу криминални кланови, а лицето кое пукало во цивилите и полицајците е убиено. Човекот бил застрелан со оружје од полицијата која спроведувала акција на терен за да спречи натамошен масакр. Дан пишува дека напаѓачот не дозволил итните служби да им помогнат на повредените. Полицијата е на терен. РТЦГ јавува дека загинале најмалку седум лица. Тешко повредените се пренесени во Клиничкиот центар на Црна Гора. Засега не е познат идентитетот на лицата, а Радио Цетиње јавува дека полицаец е ранет во главата.

Back to top button
Close