Масовен протест во Атина поради железничката несреќа

Илјадници граѓани претпладнево се собраа пред грчкиот Парламент во центарот на Атина, за да го изразат нивниот протест за железничката несреќа во која животот го загубија 57 лица, но и да им одадат почит на загинатите, собир кој заврши со инциденти.

Група маскирани лица се одвои од останатите демонстранти и се судри со полицијата, која одговори со солзавец и шок бомби.

Протестот започна мирно и масовно, организиран од вработените во железницата, со поддршка од синдикатите, студентски здруженија, граѓански организации.

Демонстрантите, пуштија во воздух црни балони за да изразат почит за загинатите во несреќата.

Протести, освен во Атина, имаше и во Солун.

Железничката несреќа што се случи во вторникот вечера и е една од најголемите во Грција во изминатите 50 години, предизвика бурни реакции кај граѓаните кои континуирано организираат протести.

Паралелно шефот на железничката станица во Лариса кој беше уапсен за несреќата и судирот на двата воза во кој животот го загубија 57 лица, вчера беше изведен пред истражен судија, побара и доби уште еден ден за подготовка и се очекува денеска да даде исказ.

Уапсениот, се товари, меѓу другото и за убиство од небрежност, а неговиот адвокат, за грчките медиуми рече дека 59-годишниот, направил грешка, презема одговорност, но само за делот што се однесува на него

Back to top button
Close