Маж и жена влегле во дворот на сосеткатан ја нападнале и ѝ нанеле повреди

Соседите и влегле во дворот и почнале да ја удираат со стапови. Ова го доживеала вчера 58-годишна кавадарчанка, кога по претходна расправија, нејзините соседи Б.П и неговата сопруга Б.П тргнале да ја тепаат. Тие успеале да ја удрат и да и нанесат повреди.

Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во дворот на куќата на Д.С., на улица „Диме Чекоров“ во Ваташа.

„На 03.07.2020 во 20.20 часот во ОВР Кавадарци, Д.С. (58) од Ваташа, Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 17.15 часот на ул. “Диме Чекоров“ во Ваташа, Кавадарци во нејзиниот двор од семејна куќа, по претходна расправија била физички нападната со дрвен предмет од нејзините соседи Б.П. и неговата сопруга Б.П. која и упатувала навреди и закани“, соопштија од СВР Велес.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close