Маж поради бучава ранил четворица студенти, па скокнал од балкон
Четворица студенти се ранети во италијанскиот град Падова кога 75-годишен маж пукал во нив поради вревата на нивната забава што му пречела, а потоа си го одзел животот скокајќи од балкон, јавија денеска италијанските медиуми.
Човекот и претходно се жалел на бучава кај своите соседи, но никогаш не бил насилен, пишува „Кориере дел Венето“. Овој пат, со ловечка пушка пукал во соседите на терасата, при што полесно повредил четворица млади кои со уште десет другари славеле матура на еден од нив.
Карабинерите пристигнале многу брзо на местото на настанот и на терасата затекнале постар човек кој се обидува да сокрие оружје за кое немал дозвола.
Се чинело дека се ќе заврши со пријава за недозволено поседување оружје и нанесување телесни повреди, но во тој момент човекот успеал да се ослободи и да се фрли од балконот, одземајќи си го животот