Меџити појаснува за лекувањето на Косовците: Тие ќе плаќаат приватно по иста цена како наши граѓани кои немаат здравствено осигурување,

Во врска со ценовникот за давање здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за приватни здравствени услуги на странците со граѓаните на Македонија, кои се неосигурени и плаќаат приватно.
Потенцираме дека воопшто не станува збор за изедначување на цените помеѓу странските државјани и државјаните на РСМ, туку изедначувањето е со приватните пациенти, кои не се здравствено осигурени, односно кои не плаќаат здравствено осигурување“, велат од Министерството за здравство.
Оттука, како што додаваат, за овие промени не се потребни никакви промени во законот бидејќи некои од клиниките и институтите веќе имаа изедначени ценовници, односно еден ценовник за приватни здравствени услуги.
Се додава дека со оваа промена на странските државјани им се дава право на избор помеѓу јавните и приватните установи, со тоа што се промовира јавното здравство како една достапна ефикасна здравствена услуга во нашата држава конкурентна на пазарот на трудот.
Иста е цената. Македонските државјани што немаат здравствено осигурување ќе плаќаат иста цена со странците бидејќи се работи за приватна услуга. Тоа значи дека граѓаните што плаќаат здравствено осигурување во никој случај нема да бидат на каков било начин во подредена состојба да им го плаќаат данокот на странците, државјаните секако партиципација ќе си плаќаат, односно ќе плаќаат поевтино. Ова и порано функционирало во некои државни клиники, а сега со ова се продолжува иницијативата и за другите клиники“, додаваат од Министерството.






