Меџити: Тие што обвинуваат за Музејот во Битола донеле таква одлука, проблематизираат ден пред славење на албанската збука

Не навлегувам во тоа дали тоа е добар или лош проект, изјави за МИА, Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, во однос на реакциите по синоќешната промоција на Музеј на христијанското и исламското културно наследство во Битола.

Според вицепремиерот Меџити, обвинувањата доаѓаат од оние кои што во 2013 или 2014 година донеле таква одлука и ден пред славење на албанската азбука проблематизираат.

-Не навлегувам во тоа дали тоа е добар или лош проект, туку овие што обвинуваат, тие донеле таква одлука. Во Министерството за култура каде што имале видни позиции и во владата, треба да објаснат зошто донеле таква одлука која е од 2013 или 2014 година. И зошто токму сега, ден пред славење на Албанската азбука истите најдоа за сходно, ден претходно да проблематизираат околу оваа работа и се подготвени да играат на сите карти, на етничка, на верска основа само за да бегаат од одговорност што ги чека, изјави вицепремиерот Меџити.

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање денеска во Битола го посети Музејот на Албанската азбука, куќа на која беше промовирна плоча на која е забележано дека од 14 до 22 ноември 1908 година се одржал Битолскиот конгрес на албанските патриоти, на кој е одлучено сегашното писмо на албански јазик

Back to top button
Close