Меѓу борците заробени во „Азовстал“, има 78 жени

Меѓу заробениците од фабриката за челик „Азоввстал“ во Мариупол има 78 жени, изјави лидерот на проруските сепаратисти.

Руската агенција ТАСС јави дека лидерот на сепаратистите од Доњецк, Денис Пушилин, изјавил дека меѓу заробените во Азовстал има и странци. Тој не кажа колку странци се заробени.

„Имаа доволно храна и вода, како и оружје“, изјави Пушилин за ТАСС.

„Нивниот проблем беше недостатокот на лекови и медицински материјали“, додаде тој во изјавата околу украинските сили кои речиси еден месец даваа отпор во челичарницата.

Back to top button
Close