Медицински сестри во Британија дрогирале пациенти, чисто од забава
Медицинските сестри Кетрин Хадсон (54) и Шарлот Вилмот (48) од Велика Британија се осудени за нелегално дрогирање пациенти. Тие се прогласени за виновни за давање лекови на пациентите за кои морале да се грижат, и тоа без нивно знаење и согласност бидејќи им било забавно, пренесува „Скај њуз“.
Во пресудата се вели дека ги злоупотребувале оние за кои се грижеле во одделението за мозочен удар во болницата „Блекпул Викторија“ во Ланкашир помеѓу февруари 2017 и ноември 2018 година.
Полициската истрага беше поведена кога студентка – медицинска сестра ѝ кажала на полицијата дека во ноември 2018 година видела како Хадсон му дава на пациент „зопиклон“ пилула за спиење без рецепт, за која се верува дека е опасна за животот доколку се администрира несоодветно.
Двете ги негираат обвинувањата