Медиуми: Неизвесна иднината на Влаховиќ во Јувентус

Иднината на српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ во Јувентус останува под знак прашалник, објави денеска весникот „Кориере дело спорт“.

Според истиот извор, клубот од Торино би можел да го продаде Влаховиќ по завршување на сезоната доколку српскиот напаѓач во меѓувреме не го продолжи договорот со Јувентус.

Договорот на 24-годишниот српски интернационалец со Јувентус истекува по завршувањето на сезоната 2025-2026.

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли изјави дека разговорите за иднината на Влаховиќ најверојатно ќе се одржат во декември.

Влаховиќ на седум натпревари сезонава во Серија А постигна пет голови

Back to top button
Close