Медиуми: Во Германија ќе се одржат предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година

Германија планира да одржи предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година, по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц пред една недела, соопштува Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Социјалдемократската партија на Шолц.

По неколкудневен застој, датумот е договорен со главната опозициска партија, конзервативците ЦДУ/ЦСУ, додаваат истите извори, пренесува Бета.

 

Распадот на владејачката коалиција, формирана во 2021 година, уследи поради внатрешни несогласувања околу начините за поттикнување на економскиот раст во Германија

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close