Медиуми: Завршниот турнир во Лигата на нации во Холандија


Завршниот турнир во фудбалската Лига на нации ќе биде одигран во холандските градови Ротердам и Еншеде од 14 до 18 јуни идната година, јавија денеска локалните медиуми.

Пласман во финалниот турнир засега обезбедија Холандија, Хрватска и Италија, додека четвртата репрезентација ќе биде Португалија или Шпанија.

УЕФА сè уште официјално не ја соопшти земјата домаќин, но холандските медиуми повикувајќи се на свои извори, објавија дека Холандија ќе игра во првото полуфинале, на 14 јуни, во Ротердам на стадионот на Феенорд, додека второто полуфинале ќе биде на програмата ден подоцна во Еншеде, на стадионот на Твенте.

Натпреварот за третото место ќе се игра на 18 јуни во Еншеде, додека финалето ќе биде истиот ден во Ротердам.

Back to top button
Close