Меган и Хари добија рок да се отселат од кралската резиденција

Меган и Хари потврдија дека кралот Чарлс ги исфрлил од кралската резиденција Фрогмор Котиџ во Виндзор, куќата во која живееја во Обединетото Кралство.

„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите.

Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, „Наоѓајќи ја слободата“, рече дека одлуката на кралот уследила по објавувањето на Хари на неговите контроверзни мемоари „Резерва“ во јануари.

Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган се полоши од кога било.

Според британските медиуми, Хари и Меган се згрозени од одлуката на кралот. Наводно, им било кажано да ги отстранат своите работи од резиденцијата до лето, а првично им било кажано да ги соберат своите работи во рок од две недели.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close