Меланија повторно ја одби пружената рака на Трамп

Сопругата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп, или не ја очекувала или ја избегнала поканата на нејзиниот сопруг да се држат за рака во текот на нивното заедничко појавување на некој настан, тврди експерт за говор на телото за британски „Мирор“.

Експертката забележала и контраст кога станува збор за нивниот говор на телото. Забележала, како што вели, некои „незгодни моменти“ кои „секогаш ги имало“ кога се во прашање тие двајца.

Забележала и дека Трамп повторно побарал од Меланија да го фати за рака, на што таа како да одговорила со мало задоцнување.

– По пристигнувањето на Меланија, нејзиниот израз на лицето изгледа прилично бесен, а кога Доналд ѝ пружи рака за да ја фати нејзината, нешто што изгледа како нагласен гест на „најава“, нејзината рака е во џебот и таа ја подава кон него со задоцнување. Ова сугерира дека таа или не го очекувала држењето за рака што следуваше или можеби сакала да го избегне – додала Џуди Џејмс.

Back to top button
Close