Мелони се сретна со претставници на еврејските заедници, го осуди антисемитизмот

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, синоќа истакна дека еврејската заедница во таа земја е од „суштинско значење“, за Италија и за Европа.

Изјавата Мелони ја даде на средбата со првиот човек на Светскиот еврејски конгрес и со претставници на италијанските еврејски организации.

Новоименуваната премиерка на Италија се обидува да ја дистанцира нејзината партија „Браќата на Италија“, што има ектремно десничарска ориентација и влече корени од неофашистичкото движење создадено по Втората светска војна, од антиеврејските расни закони од времето на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини.

Во објавениот транскрипит се наведува дека на средбата била постигната целосна согласност за потребата од силна и појасна заложба во борбата против сите форми на антисемитизам – феномен штој бележи загрижувачки пораст кој, меѓу другото, се однесува на Интернет и социјалните мрежи.

Исто така, се цитира Мелони како ја нагласила „суштинската важност на еврејските заедници за италијанскиот и европскиот национален идентитет“.

Браќата на Италија потекнуваат од таканареченото италијанско социјално движење (МСИ), основано во 1946 година од поранешни функционери на владата на Мусолини кое во своите редови привлече симпатизери на фашизмот.

Мелони беше член на младинскиот огранок на МСИ и на Националната алијанса, а ја основаше „Браќата на Италија“ во 2012 година – задржувајќи го во логото на партијата симболот на тробојниот пламен на МСИ.

Back to top button
Close