Мета по веста дека е под истрага од СПАК: Септември доаѓа и народната правда никој не ќе може да ја запре

По веста дека Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал, СПАК, почнало истрага против него, реагираше Илир Мета, лидер на Партијата на слободата, кој на функцијата претседател на Албанија беше до 24 минатиот месец.

Мета објави барање што првиот човек на СПАК, Арбен Краја, до упатил до Управата за водење матична евиденција, во врска со проверките за генералите на поранешниот шеф на државата.

-Бидејќи партискиот слуга (се однесува на Краја) реши отворено, во паника да и служи на мафијата, ве молиме запознајте се со уште едно сериозно барање за најголемиот караѓоз на Рамаформа. Доаѓа септември и народната правда не ќе може никој да ја запре! Ништо повеќе не може да го спаси Рамовиќ (се однесува на Рама) – пишува Мета во првата реакција.

СПАК, почна истрага за Мета и го побара од Централната изборна комисија, образецот за декриминализација на Мета (Метај), по тужбата поднесена за него од поранешниот пратеник Халит Валтери. Кривичната пријава на Валтери е по истражната сторија на австрискиот весник „Кронен цајтунг”, кој обвини дека Илир Мета платил 700.000 илјади долари за лобирање преку кипарска компанија, за да обезбеди фотографија на церемонијата на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2017 година, во време кога Мета беше претседател на албанското Собранието.

Back to top button
Close