МФ: Направена заштеда на електрична енергија од 32 %
Министерството за финансии (МФ) соопшти дека направиле заштеда од 32% на потрошувачка на електрична енергија.
„Со рационално користење на енергијата, а согласно задолженијата дадени од Владата за заштеда на електрична енергија, во септември 2022 година направи заштеди од 32 % на потрошувачката во спроредба со потрошената електрична енергија во септември 2021 година. Заштедата, не значи само финансиски бенефит, во период кога се соочуваме со недостаток на енергенси на глобално ниво, а особено на европското тло, тоа е придонес кон безбедно и сигурно снабдување со електрична енергија. Тоа ќе овозможи периодот што ни претстои и кога има зголемена потрошувачка на електрична енергија, заради затоплување, да го поминеме во топли простории и да не се соочиме со рестрикции“, се вели во соопштението.
Секој може да даде придонес кон стабилноста со снабдување со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашите поединечни однесувања, велат од МФ.