МФ: Основните прехранбени производи и понатаму остануваат да се даночат со најниска повластена стапка од 5%
Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5% како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска.
Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи, велат од Министерството за финансии.Оттаму посочуваат дека „листата останува долга и таа претставува најширока листа во однос на земјите од регионот и во земјите од ЕУ, а целта на донесувањето на одлуката за примена на повластена стапка од 5% кај одредени производи е со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана“.
„Одлуката содржи над 1600 производи, кои со новата одлука ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од 5%. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи,оцет, сол, ореви, костени….. На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5%“ информираат од МФ.
Во соопштенито се вели „од таму листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10% се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи, а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје. На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи , козјо месо, , посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општаупотреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на