Мијалков- Христијане те фаќа паника и кажуваш прикаски

Христијан грешиш, а очекувано е да грешиш кога те фаќа паника и мора да се правдаш и да смислуваш приказни за да ги оправдаш грешките. Грешиш како што грешеше постојано овие три години . Твоите грешки, за жал ги плаќа ВМРО ДПМНЕ , а тие резултираа со два изборни порази на Претседателските и Парламентарните избори, а ги загуби и Локалните избори во Охрид и во Ново Село. На сите овие избори, вклучително и на последните ти си тој што директно одработи за СДСМ. Доколку оставиме на Заев и СДСМ да бираат, ке те изберат тебе за да уште десет пати по ред те згазат на избори а ти да ја бараш вината за поразите на друго место, а не во себе и луѓето со кои соработуваш. Ти и сите околу тебе кои се борат да останеш претседател, се тие кои што одработуваат за Заев, затоа што со тебе на чело, ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да се врати на победничка патека, а тоа е единствено во интерес на Заев и СДСМ. Човек што разединува и не ја бара одговорноста во себе, нема лидерски капацитет. Еве за парламентарните избори, биди искрен и признај дали понудата за граѓаните беше добра и ги привлече неутралните избирачи ? Дали кандидатите за пратеници кои ти ги избра повлекоа поголем број гласови или го оствари најслабиот резултат во историјата ? Дали ти како „шпицен“ кандидат, успеа да го достигнеш барем последниот резултат на ВМРО ДПМНЕ од 2016 година или освои 150 000 гласови помалку ? Да не се лажеме. Имаш максимална поддршка од мене да составиш влада и во судиското продолжение да го свртиш резултатот. Доколку го сториш тоа, јас ќе бидам првиот кој ќе ти честита. Доколку не успееш, тогаш ќе мора да понесеш одговорност затоа што му овозможи на СДСМ повторно да формира влада. П.С. Барањето на одговорност од тебе и твојот тим, не е напад на ВМРО ДПМНЕ. Обиди се да ја надминеш суетата. Не се поистоветувај со партијата. Не те личи. На ВМРО ДПМНЕ ќе му тргне тогаш кога ќе добие сериозно лидерство!

Back to top button
Close