Мијалков си отвори Фејсбук страница и прв пат јавно го објави семејниот бизнис

Неколку дена пред изборниот ден, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков си отвори официјална Фејсбук страница и прв пат јавно го објави семејниот бизнис.

На официјалната Фејсбук страница на Сашо Мијалков има само две фотографии од македонското знаме и негова лична фотографија, но многу детали од неговата биографија и официјални податоци за неговиот семеен бизнис.

Мијалков за „Фокус“ потврди дека страницата е официјална и e направена со негова авторизација. Како информации за контакт наведени се телефонски броеви и официјална страница и мејл од фирмата „Бест Веј“, за која медиумите пишуваа дека ја формираа уште во 2015 година. Сепак досега Мијалков никогаш не потврди ништо за неговите бизниси. Како основач и директор на компанијата се води неговиот син, Јордан Мијалков. Според официјалниот опис, компанијата се занимава со нафта, угостителство и хотелиерство, игрите на среќа, транспортот и развојот на инфраструктурата. Компанијата претходно се спомнуваше како дел од „Дивелоп груп“ која пак е сопственик на хотелот Мериот во Скопје.

повеќе

Back to top button
Close