МИ2026: Ангелески без финале во воздушна пушка на 10 метри

Македонскиот натпреварувач Мартин Ангелески не успеа денеска да се пласира во финалето Медитерански игри во Таранто во дисциплината воздушна пушка на 10 метри.
Ангелески во квалификациите оствари резултат од 618.3 поени, завршувајќи на 20. место во конкуренција на 23. натпреварувачи.
Пласман во финалето обезбедија осумте најдобри натпреварувачи, а првопласиран во квалификациите беше Италијанецот Едоардо Бонаци со 632.1 поени.
Својот настап во истата дисциплина во стрелаштво во женска конкуренција на Игрите во Таранто утре ќе го има Билјана Караѓорѓева






