Мицкоски до Ахмети: ДУИ се уплашени оти треба да одговараат. Вратете се на падините на Водно, ќе ви се разбистри умот
Премиерот Христијан Мицкоски во денњшната изјава кажа дека ДУИ се уплашени оти треба да одговараат, па ги делат граѓаните. Им порача да се посветат на џогингот и зелената агенда, но остава на нив да одлучат. Според него, ДУИ предизвикува етнички тензии и во јавноста наметнува етнички предзнак на многу прашања, оти се водат истраги против нивни функционери.
„Јас би ги повикал да се вратат на зелената агенда што ја промовираа пред неколку години, кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков еден џогинг, ќе им се разбистри умот и ќе дадат една квалитетна идеја“, рече Мицкоски