Мицкоски: Ќе ги разочарам сите оние кои што навиваат оваа Влада да не успее
Сакам само да ги предупредам македонските граѓани, претпоставувам атмосверата во опозицијата е спесифична, и како резултат на таа специфичност поекогаш имаме во текот на денот имаме различни ст6авови за една иста тема, а понекогаш дури и тие самите се доведени во ситуација да се демантираат во текот на денот, рече Мицкоски.

Фактите се, дека рековме од последни во Групата Западен Балкан 6 ќе бидеме први, се зафативме со жестока работа веднаш по завршувањето на локалните избори и еве веќе во оној јануарски извештај сме први, појасни премиерот.
-Сега следи јунскиот извештај, на крај од јуни. Имаме интензивна комуникација со г-динот Гертијан Копман, работиме сите портвоилија во рамките на владата и очекувам оваа позиција да ја потврдиме и сега после јунскиот извештај и оние 30-тина, 31 милион кои нсе дирекна буџетска поддршка на крајот на годината да се приближиме до бројката 100 дирекна буџетска поддршка, истакна Мицкоски и додаде:
„Кога на тоа ќе се додадат и средствата, финансирањата предвидени за проекти, таа бројка ќе биде неколку стотици милиони евра и така продолжуваме во периодот кој што следи“.
Сите оние кои што се молат да не успее оваа Влада, на тој начин се молат да не успее и дажавата и граѓаните, за жал имам лоша вест за нив, ќе мора да сведочат на многу успеси кои што ги прави оваа Влада, рече премиерот Мицкоски.





