Мицкоски: Ковачевски држи состанок за да им каже на членовите дека ја изгубиле власта


Тргнете ги на страна оние еуфорични соопштенија на СДС, оние вештачки гушкања на темата уставни измени и изнасилени радости на партијата на власт која панично ја шират лагата дека ВМРО-ДПМН наводно им ги прифатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат.
Сосема свесно ги оставив да го дуваат балонот, затоа што веднаш зад аголот се гледа дека ја промашија работата и како меур од сапунуца им се распрсна оваа лага“, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам“.

Тој додаде дека ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ги прифатела уставните измени тогаш власта ќе славела.

„Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што сега тврдат во средата ќе отвореа шампанско и ќе славеа, а во четвртокот ќе ставеа точка на дневен ред во Собранието за уставни измени. И наместо сето ова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членството дека ја губат власта“, дециден е Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сосема видливо е дека немаат мнозинство за уставни измени кои ги туркаат под бугарски диктат и дека цела година лажеа дека ќе обезбедат пратеници, па кодошеа по светот и пред амбасадори каде ги молеа да превземат чекори и направат притисок, но се им падна во вода.

Back to top button
Close