Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција во Штип. Како што изјави денеска, оваа недела ќе почне со работа производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 – 600 вработени.
-Странски инвестиции секојдневно доаѓаат, разговараме и имаме некои петнаесетина што се во процес на развивање и очекувам од тие најмалку половината да бидат успешни, ако не и сите. Со задоволство можам да кажам дека оваа недела ќе почне со работа фабриката, производниот капацитет на „Магна“, странски инвеститор во Штип, со нови 500 – 600 вработени, добро платени вработени и со инвестиција што беше 45 – 50 милиони евра, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на струмичко Ново Село.
Со тоа, додаде премиерот, државата повторно се зацврстува во регионот како дестинација за странски инвестиции, дестинација што ќе генерира и апсорбира најголем број странски инвестиции по глава на жител. СПоред Мицкоски, таа цел лани била реализирана, а целта е слична и годинава.