Мицкоски на чествувањето на Гоце Делчев: Наместо да се зближиме, ние сме подалечни од кога било

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиска делегација од пет члена оддадоа почит на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. Со нив на Кале пристигнаа и стотици поддржувачи и симпатизери на партијата со транспаренти кои останаа зад полицискиот кордон.

Мицкоски, во изјава за медиумите, рече дека кај него денеска се развиле две чувства, на почит кон Гоце Делчев и на разочараност.

„Две чувства се развиваат кај мене. Првото чувство е нормално чувството на почит кон Македонецот, кон великанот Гоце Делчев за тоа што го сторил за Македонија, за тоа што го направил за македонскиот народ во својата би рекол бурна животна приказна. Ние сме горди што имаме еден таков човек да го славиме и е дел од нашата историја и нашиот македонски ген и тоа е чувство на задоволство и среќа кај секој еден чесен и честит Македонец без разлика каде се наоѓа дали е денеска овде во Македонија или насекаде во светот. И второто е чувството на разочараност, чувство кое кај мене се создаде денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада до овде до оваа црква и наместо да се зближуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство, ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја“рече Мицкоски.

Back to top button
Close