Мицкоски, освен на Трамп, им честитал и на дел од неговите соработници кои летово беа во Скопје
Ние како влада ја изразуваме големата поддршка на граѓаните на Соединетите Американски Држави (САД) кои во еден демократски амбиент донесоа правилна одлука и го избраа новиот претседател, а тоа е г. Доналд Трамп. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за тоа како гледа на победата на Трамп и што тоа ќе значи за Македонија, особено од геостратешки аспект.
Потсетувајќи дека утрово, преку објава на социјалните мрежи ја честитал победата на Трамп, премиерот рече дека честитки упатил и до неговите најблиски соработници од тимот, а со дел од нив разменил и неколку пораки.
„Им честитам на граѓаните на Соединетите Американски Држави за демократскиот изборен ден или изборен процес. Избраа напредок, избраа нешто што тие одлучија дека ќе им биде приоритет. Го избраа претседателот Трамп да биде повторно нивен претседател. Јас тоа го честитав и не само на него туку и на луѓето кои се дел од неговиот тим. Разменивме по неколку пораки утрово“,рече Мицкоски.