Мицкоски: Трчањето по провизии не донесе крај на пандемијата, анти-Ковид мерките го поделија народот, одговорност ќе има

Пред 45 дена не убедуваше по петти пат дека во август или најдоцна на почетокот на септември ќе прогласеле победа над епидемијата (слика 1), а денес имаме нови 588 заболени и 8 починати (слика 2).

Трчаа по провизии од сомнителни азиски посредници и наместо да се борат да обезбедат вакцина плус тие нудат мерки како во времето на средината од 20тиот век. Го поделија народот за пусти пари и власт.

Новиот пакет на анти ковид мерки го дели народот и не помага. Прашуваат што треба: треба систем кој подразбира системски чекори. Она што го имаме денес е справување со последиците од немањето систем. За жал тоа и овој пат се плаќа со човечки животи.

Одговорност ќе има, затоа за нешто повеќе од 2 месеци граѓаните одлучуваат дали оваа неспособност, безидејност, криминал, корупција, срам и понижувања ќе продолжат или нови луѓе со нова енергија, знаење и цели ќе ја вратат Македонија на победничките патеки.

Линк од Фејсбук објава: 

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1934538070054976/

Back to top button
Close