Мицкоски тргнал на патување од „приватен карактер“ – По закон должен е да ја извести јавноста дека е надвор од земјата, но тој заминал „тајно“
Порталот Инфомакс утрово објави дека премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот баџанак бизнисмен со фирма во Петрич -Бугарија кој живее во Струмица Јорданчо Јанев – Дано и нивните семејства заминале со авион вчера наутро во 4 часот и 20 минути за Виена Австрија.
Порталот дополнителни прецизираше дека некаде околу 3 по полноќ на 8-ми мај тие ги чекирале своите авиобилети и се качиле на авион кој полетал во 4 и 20-тина минути за Виена, Австрија.
Од Владата за Либертас потврдија дека премиерот е на патување, како што нагласија „од приватна природа“.
Сепак премиерот практично заминал „тајно“ без обезбедување и без задолжително соопштение да ја извести јавноста дека ќе биде отсутен затоа што отпатувал надвор од државата.
И денеска во штуриот одговор од владата на нашето прашање освен што ги потврдија гласините дека се точни и заминал надвор од државата приватно, иако и за приватно имаат обвска да ја известат јавноста каде и колку денови ке биде тоа патување. Се додека е Мицковски премиер дали е приватно или службено владините служби се должни да известат.