Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение


Премиерот Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ дека се радува на негативни сценарија поврзани со „Алта банка“, додека Владата, како што рече, прави напори да најде решение и потенцијален купувач за банката.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски посочи дека проблемот е увезен од Србија, каде што, според него, има сериозни показатели за состојбите во банкарскиот систем. Тој истакна дека последиците веќе ги чувствуваат и македонски компании кои соработуваат со српски партнери, чии сметки и средства се блокирани во „Алта банка“.

Мицкоски најави дека во следните денови, заедно со гувернерот на Народната банка и министерката за финансии, ќе одржи средби со повеќе финансиски институции кои би можеле да бидат заинтересирани за купување на банката.

LANDOV Петрушевски признава впечаток во јавноста: Мицкоски „како сам да работи“, затоа следеше реконструкција
Тој уверува дека сите штедачи и доверители ќе бидат обештетени до последниот цент, посочувајќи дека најголемиот дел од штедните влогови се осигурени, а активата на банката е поголема од побарувањата. Сепак, нагласи дека целта на Владата е да се најде купувач и да се избегне најнеповолното сценарио.

Back to top button
Close