Мицотакис побара прошка од семејствата на загинатите

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска побара прошка од семејствата на 57-те загинати во најголемата железничка несреќа која се случи во Грција.

-Како премиер, им барам на сите, особено на роднините на жртвите, прошка, напиша Кирјакос Мицотакис во пораката до нацијата.

Несреќата што се случи ноќта меѓу 28 февруари и 1 март, кога се судрија патнички и товарен воз, предизвика голем револт низ Грција

-Во Грција во 2023 година, два воза кои одат во различни правци не можат да сообраќаат на иста линија без никој да забележи, напиша Мицотакис во пораката објавена на неговата страница на Фејсбук.

Тој додаде дека „нема да се криеме зад човечката грешка“ и дека правосудните органи „брзо ќе ја истражат оваа трагедија и ќе ги изведат одговорните пред лицето на правдата“.

 

Back to top button
Close