Михајловски до Мицковски: Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов?

Новинарот Горан Михајловски реагираше на вчераната прозивка на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски упатена до СДСМ да одговореле до каде бил, како што кажа, случајот со новинарот Младенов кој беше најден мртов на влезот на Скопје во неговиот џип кој беше паднат во провалија во времето кога владееше претходникот на Мицковски тогашниот премиер сега азилант во Будимпешта Никола Груевски. ВМРО ДПМНЕ името на загинатиот новинар го користи и во нивните црни спотови кои се однесуваат на политичкиот противник СДСМ.

– Како не ти е срам да го споменуваш Никола Младенов во предизборна кампања? Со кое лице му го изговараш името? На неговата слава ли ќе собираш гласови? На сообраќајката што се случи помеѓу два изборни круга на избори што ги организираше твојата партија?
Наместо да прашуваш „До каде е случајот со Никола Младенов“, прашај до каде е случајот со нелегалното масовно прислушување.
Во папката со прислушуваните разговори од мојот мобилен телефон си ги најдов и муабетите со Никола. Уште чекам да се појавам како сведок на суд да ја потврдам автентичноста на разговорите во кои со него другарски си ги споделувавме сомнежите и стравувањата од владеењето на твојата партија. Оти не беше само телефонското прислушување. Ако веќе те интересира под кои околности загина Никола тогаш зошто твојата партија со сите средства ја попречува правдата да се открие кој го нареди масовното прислушување и следењето на новинари во времето кога бевте на власт.
Вистинското прашање е: Зошто сте го следеле и Никола? Одговорот побарај си го кога следниот пат ќе одиш за Будимпешта.- напиша Мицковски.

Во својот говор Мицкоска се осврна и на други случаи, како „Диво Насеље“, трагичната смрт на новинарот, Никола Младенов…

-Немир, на дечињата, на оние јунаци кои животот го положија бранејќи ја државата во „Диво Насеље“. Немир во душите на родителите на Нешкоски, на Мартин Јанушев, на Кољо. До каде е случајот со новинарот Младенов? Каде е нивниот мир? Нивниот мир се претвори во немир. А немирот се претвори во револт, а револтот во пркос, одлучност и храброст. А со таа храброст, сиот овој револт и пркос ќе го видите и ќе се соочите на 15 јули кога ќе ги броиме ливчињата. Ќе ги почувствувате волјата и немирот на народот за сета лага којашто ја изговоривте- рече Мицкоски.

Мицкоски обвини за партизација на правосудството и рече дека „функционерите од власта се амнестираат од одговорност додека патриотите се во затвор“.

-Се сеќавате на оној случај „евро за батето“? Е таму имаше ослободителна пресуда, таму тоа што го гледавте, не го видовте, тоа што го слушнавте не го слушнавте. Така кажа „трас-трас“ судството. Ама затоа, патриотите по 15, по 17 години денеска се затворени во зандани. Па тоа никогаш, никаде не се случило. Ете таква правда ни донесоа овие луѓе – рече Мицкоски.

Back to top button
Close