Милан ги отпушти директорите Малдини и Масара

Паоло Малдини се повлече од функцијата технички директор на Милан. Со него заминува и спортскиот директор Фредерик Масара.

 

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека сопственикот на клубот, Џери Кардинале ги известил менаџерите дека не се вклопуваат во плановите на организацијата и затоа се ослободени од нивните должности. Ова им било соопштено на синоќешната средба.

 

Според „Calciomercato“, одлуката се должи на комплицираните односи меѓу Малдини и Масара од една страна и Кардинале од друга страна. Паоло и сопственикот имаа сериозни несогласувања околу трансфер буџетот.

 

Италијанските медиуми забележуваат дека Малдини барал поголема автономија и зголемени трошоци за нови играчи, додека сопственикот сака да се продолжи во согласност со сегашниот бизнис модел. Исто така тој им замерил на директорите за скапиот трансфер на Шарл де Кетеларе кој не ги оправдал очекувањата.

 

Милан сезоната во Серија А ја заврши на 4.место не успевајќи да го одбрани шампионскиот трофеј.

Back to top button
Close